Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во недела старт на сезоната во регионалната-скопска лига, за вардаровите генер. “2004„ и “2005„
Во недела старт на сезоната во регионалната-скопска лига, за вардаровите генер. “2004„ и “2005„

Во недела старт на сезоната во регионалната-скопска лига, за вардаровите генер. “2004„ и “2005„

Во текот на утрешниот ден, старт на сезоната во регионалната-скопска лига ќе означат генерациите на ФК Вардар кои се родени “2004„ и “2005„ година. Веднаш на стартот не очекуваат дерби дуели, со екипата на Шкендија од Тетово. Натпреварите ќе се одиграат на теренот на Академијата во Скопје, во термините од 10 и 12 часот.

Ова ќе биде дебитантска сезона во ова натпреварување за генерацијата родени “2005„ година, кои оваа сезона ќе бидат предводени од Сашо Јанев. Изминативе две години оваа генерација ја освојуваше детската лига и ова за нив ќе претставува нов предизвик.

Двојната круна оваа сезона ќе ја брани генерацијата родени “2004„ година кои ќе се обидат да го повторат успехот од минатата сезона. Петар Ѓорѓиески е тренерот на оваа генерација. Минатата сезона одигравме четири натпревари со екипата на Шкендија, од кои еден беше во големото финале на националниот куп, кој успеавме да го добиеме по изведување на удари од белата точка. Во регионалната-скопска лига на три одиграни натпревари имавме две победи и еден нерешен резултат, кој беше единствен за оваа екипа во минатата сезона.