Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: Егоров и Нуров го завршија настапот на меѓународниот турнир во Русија
Борење: Егоров и Нуров го завршија настапот на меѓународниот турнир во Русија

Борење: Егоров и Нуров го завршија настапот на меѓународниот турнир во Русија

На силниот меѓународен турнир во борење, кој изминативе два дена се одржуваше  во Русија, во Јакутск, настапи имаа двајца борачи од клубот Вардар. Се работи за Владимир Егоров и Нуров Магомедгаџи.

Во првите борби победи за Нуров во категоријата до 97 килограми, кој беше подобар од Тиеле од Германија (4:3), како и за Егоров кој го победи Копулов од Русија (5:0), во категоријата до 57 килограми. Понатаму имавме неуспеси па завршивме во репасаж борбите. Загуби Нуров во 2:0 во репасаж, доколку победеше ќе се бореше за пласман од 3-5 место на турнирот во неговата категорија. Сепак заврши на одличното 6. место во конкуренција на 13 борачи. Нуров на турнирот во Јакутск покажа добра подготвеност и има со што да се надоградува до учеството на светското првенство.

vardarfans-tekst

Гермаев ги победуваше натурализираниот шпанец, Матриавели и иранецот, Пуриа, така што ниту Владимир Егоров не успеа да го спречи и загуби со резултат 1:5. Егоров на крајот заврши на високото 6. место од вкупно 32 борачи во својата категорија

Видна е намерата на двајцата македонски репрезентативци солидно за да се подготват за настап и остварување на сериозни резултати, на претстојното  Светско првенство во Будимпешта, кое на програмата е од 20-28 октомври оваа година.