Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Петарда„ во мрежата на Шкендија, ФК Вардар генер. “2005„ имаше успешен старт на дебитантската сезона во регионалната-скопска лига
“Петарда„ во мрежата на Шкендија, ФК Вардар генер. “2005„ имаше успешен старт на дебитантската сезона во регионалната-скопска лига

“Петарда„ во мрежата на Шкендија, ФК Вардар генер. “2005„ имаше успешен старт на дебитантската сезона во регионалната-скопска лига

Вардаровата генерација родени “2005„ година имаа успешен старт на дебитантската сезона во регионалната скопска лига. Утрово на теренот на Академијата, избраниците на Сашо Јанев успеаа да ја совладаат екипата на Шкендија и тоа убедливо со резултат од 5:0.

Стартери на овој дерби меч за Вардар беа: Илиевски, Ристовски, Кукуловски, Таневски, Спасиќ, Цветков, Сековски, Николовски, Лефковски, Јовановски, Величковски (c).

Првиот директен удар го имаше екипата на Вардар и тоа преку Филип Јовановски кој биеше, но одбрани голманот на Шкендија. Разликата во квалитет беше очигледна уште од самиот старт на овој меч, Вардар го диктираше темпото на игра и постојано создаваше шанси. Тино Спасиќ беше играчот кој успеа да го отвори резултатот, откако сам се најде пред голот на противникот, голманот не успеа да собере упатен удар, а Спасиќ се најде на вистинското место за да го постигне првиот гол за Вардар во ова натпреварување. На вториот погодок не се чекаше многу, кога во листата на стрелци се запиша и Величковски, откако погоди за 2:0, со асистенција од Јовановски.

41330079_1846624178717753_1276269314625765376_n

Прв удар имаше и екипата од Тетово, но ништо опасно кон голот на Леонид Илиевски. Вардар имаше обид од прекин преку Цветков, но противничкиот чувар на мрежата ја прибра топката во своите раце. До крајот на првиот дел ќе го одбележиме и голот на Давор Лефковски за предност од 3:0, како и двата удари на Дарко Сековски, кои голманот на Шкендија ги одбрани. На пауза од десеттина минути се замина со резултат 3:0.

41322343_1846624198717751_8918184416853884928_n 41353196_1846624335384404_7113036454351077376_n

Ништо ново на теренот и во вториот дел, Вардар доминираше, а тренерот Јанев им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Во игра влегоа Гаштаров, Коловски, Галевски, Калановски, Филевски, Радевски и Јакимовски. Токму нововлезениот Стефан Коловски се запиша во листата на стрелци, откако погоди за 4:0. На голот претходеше акција на Јовановски кој биеше, одбрани голманот, но Коловски налета и ја смести топката во мрежата. Истиот играч имаше обид и во продолжение од мечот, додека Тино Спасиќ ја погоди пречката. До крајот на натпреварот, “петарда“ во мрежата на Шкендија. Матеј Гаштаров го постигна голот за 5:0 со удар од белата точка.

Одличен натпревар за оваа генерација и први бодови во регионалната-скопска лига за младите надежи предводени од Сашо Јанев.