Изминатиов викенд четири генерации на фудбалскиот клуб на Вардар одиграа првенствени натпревари против екипата на Шкендија и на сите мечеви забележавме победи, на теренот на Академијата.
Први кои ги отворија дуелите со екипата од Тетово беа помладите пионери на Вардар. Избраниците на Филип Деспотовски славеа во дербито со резултат 2:1, а стрелец на двата голови беше Георг Стојановски, играч кој е роден “2004„ година. Ова беше втора последователна победа за помладите пионери на стартот на сезоната, откако во првото коло ја победија и екипата на Македонија Ѓ.П.
До прв првенствен триумф стигнаа и пионерите на Вардар кои ги совладаа врсниците од Шкендија, со резултат 3:1. Заслужена победа за избраниците на Кралевски, кои беа далеку подобрата екипа на теренот. Три различни стрелци погодија на пионерското дерби. Азер Омерагиќ, Харбин Речица и Абдула Хасани донесоа први три бодови за Вардар. Во првото коло одигравме нерешено со екипата на Македонија Ѓ.П.
Викендов кој помина стартуваа и генерациите “2004„ и “2005„ кои исто така забележаа победи во дуелите со Шкендија. Генерацијата “2005„ имаше успешен старт на дебитантската сезона во регионалната-скопска лига. Избраниците на Сашо Јанев победија убедливо со резултат 5:0. Тино Спасиќ, Никола Величковски, Давор Лефковски, Стгефан Коловски и Матеј Гаштаров, погодија за прва победа во лигата.
Генерацијата “2004„ на Петар Ѓорѓиески со победа ја започнаа одбраната на шампионската титула и тоа на најдобар можен начин , со триумф против најголемиот конкурент за трофејот. Вардарци беа доминантни на овој дуел и славеа со резултат од 3:1. Два гола беа дело на Бесар Гуџуфи, додека еднаш погоди и Давор Серафимов.
Поради настапи на селекциите до 18 и 19 години, своите натпревари кадетите и младинците на Вардар против Шкендија ќе ги одиграат на 19-ти септември, во Тетово.
Во следното коло кое на програмата е претстојниов викенд, екипите на Вардар за противник ја имаат Ренова.