Денешната ждрепка сакаше Вардар во 1/8 финалето од Купот на Македонија да се сретне со стариот познаник, екипата на Македонија Ѓорче Петров. Овие две екипи веќе оваа сезона одиграа три дуели, значи со овие нови два, ќе стигнат и до вкупно пет. Очекуваме интересни натпревари и пласман на нашиот тим во следната рунда.
- Тиквеш – Работнички
Вардар – Македонија Ѓорче Петров - Пелистер – Беласица
- Гостивар – Победа
- Брегалница – Академија Пандев
- Скопје – Силекс
- Шкендија – Кит Го
- Кораби – слободен
Првите натпревари ќе се одиграат наредната недела (19 септември), а реваншите се закажани три недели подоцна.