Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Ренова е противник на вардаровите младински екипи, во рамките на 3.првенствено коло
Ренова е противник на вардаровите младински екипи, во рамките на 3.првенствено коло

Ренова е противник на вардаровите младински екипи, во рамките на 3.првенствено коло

Претстојниов викенд ќе продолжат натпреварите од 3.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за вардаровите генерации ќе биде екипата на Ренова. Пионерските екипи во сабота гостуваат во Тетово, додека кадетите и младинците се домаќини во недела, на теренот во населбата Јане Сандански.

Помладите пионери имаат одличен старт на сезоната. Покрај двете победи во лигата, избраниците на Деспотовски успеаа да се пласираат и во четвртфиналето од купот на Македонија. Пионерите пак, своите сили до крајот на сезоната ќе ги насочат кон одбрана на титулата во првенството, со оглед дека во текот на вчерашниот ден загубија на пенали од екипата на Работнички, во рамките на осминафиналето од купот. Во Лигата после две одиграни кола, избраниците на Кралевски имаат четири освоени бодови. Во сабота термините на одигрување натпревари се од 10 и 12 часот.

Кадетите и младинците после одложеното второ коло против Шкендија, во недела ги очекува повторно домашни мечеви, против екипата на Ренова. По првото одиграно коло и двете екипи предводени од Таневски и Андовски забележаа победи. Мечевите во недела започнуваат во термините од 10 и 12 часот. Денес и двете екипи успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на купот.

Во среда во Тетово, кадетите и младинците ќе го одиграат одложеното 2. коло, против екипата на Шкендија.