Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејан Милосављев е најдобар голман, по првите три кола во СЕХА-лигата
Дејан Милосављев е најдобар голман, по првите три кола во СЕХА-лигата

Дејан Милосављев е најдобар голман, по првите три кола во СЕХА-лигата

Дејан Милосављев кој летово пристигна во редовите на Вардар остави позитивен впечаток на голот, за време на подготвителниот период и на стартот од новата сезона во СЕХА-лигата. Според статистиката на СЕХА, голманот на Вардар се наоѓа на првото место според бројот на одбранети удари. Милосављев на првите три меча има двоцифрен број на одбранети удари, или во просек по 12.3 на натпревар, што моментално го прави најдобар на листата на одбранети топки.

На првиот дуел против Металург, Милосављев имаше 12 успешни интервенци, на вториот против Железничар, вкупно 11 одбрани, додека најмногу интервенции имаше во последниот триумф против Татран, или вкупно 14 зад неговото име.

Очекуваме ваков добар старт на голот и во новата сезона на ЛШ од страна на Милосављев. Многу е важно кога голманот ќе има двоцифрен број на одбранети удари, се надеваме дека ќе повтори и на мечот во сабота, против актуелниот шампион на Европа.