Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тренерите во ЛШ избраа: Гонзалез е најдобар тренер, Арената Јане Сандански на второто место
Тренерите во ЛШ избраа: Гонзалез е најдобар тренер, Арената Јане Сандански на второто место

Тренерите во ЛШ избраа: Гонзалез е најдобар тренер, Арената Јане Сандански на второто место

Пред почетокот на секоја натпреварувачка сезона во Лигата на Шампионите, тренерите на екипите кои играат во ЛШ, правеа избор на најдобриот тим, најдобра арена, но и најдобар тренер. Секако правилото е дека не смеат да гласаат лично за себе, за играчите од својата екипа и за арената каде тие играат.

Човекот кој успеа со Вардар го направи најголемиот историски успех, Раул Гонзалез доби најмногу гласови и е прогласен за најдобар тренер. Што се однесува до најдобриот тим, во него се најдоа исто така поранешни играчи на Вардар. Се работи за Арпад Штербик и Лука Циндриќ. Покрај нив во идеалниот тим се најдоа и Дика Мем, Микел Хансен, Уве Генсхајмер, Давид Балагер и Лудовик Фабрегас.

За најдобра арена е прогласена таа на Веспрем, додека С.Ц. Јане Сандански се најде на второто место.