Вардарци се наоѓаат во Франција, каде во сабота го играат првиот натпревар во Лигата на Шампионите. Вечерва Парондо и неговите избраници го одржаа првиот тренинг, во арената, каде ќе се одигра натпреварот. На овој дуел на голманската позиција можеме да сметаме на Милосављев и Кизиќ. Знаеме дека поради повреда, нема да настапат Стоилов и Горбок, додека во тимот ќе биде и младиот, Марко Мишевски.
Мечот во сабота е закажан да започне од 17:30 часот.