Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар повторно ќе игра во Маџари
Вардар повторно ќе игра во Маџари

Вардар повторно ќе игра во Маџари

Неделниот натпревар во рамките од 5. коло од Првата Лига помеѓу екипите на Вардар и на Шкупи, ќе биде одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. Мечот се игра во недела (16.09) со почеток во 15:30 часот.

Исто така напоменуваме дека поради безбедност, нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи на натпреварот. Секор лице при влезот ќе биде евидентирано, согласно законот за спречување на насилство во спортот. Воедно на оние кои ќе се најдат на трибините на стадионот, апелираме за фер и коректно навивање. Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 14:30 часот, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот, односно во 15:15 часот , се вели во соопштението од клубот.