Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар во понеделник патува за Хрватска, каде ќе ја преставува Македонија на “Светски Куп“
Куглање: Вардар во понеделник патува за Хрватска, каде ќе ја преставува Македонија на “Светски Куп“

Куглање: Вардар во понеделник патува за Хрватска, каде ќе ја преставува Македонија на “Светски Куп“

Кугларскиот клуб Вардар во својата четврта сезона обезбеди четврти пат пласман во “кугларска Европа“, во претходните три години два пати ги браневме боите на Македонија на европски натпревари. Во третата иако имавме пласман по интерна одлука во тимот не настапивме. Црвено-црните повторно ќе ја претставуваат нашата земја, овој пат во  Светски Куп кој ќе се одржи во Запрешиќ. Според планот нашите момци во понеделник, заминуваат на пат за Хрватска.

Овогодинешниот собир ќе се одржи од 01.10 до  06.10. 2018.  Иако Вардар со вицешампионското место во МКЛ доби право да учествува во вториот по квалитет Европа куп, поради изборот на шампионот Макпетрол да игра во НБЦ купот кој е трет по вредност, КК Вардар доби можност да бира помеѓу Светскиот Куп и Европа Купот. Вардарци се горди на можноста по втор пат во својата историја да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите светски екипи – шампиони на своите земји.

kugla-576x330

*Саатниците за настап на црвено-црните на овој настан може да ги најдете на следниотЛИНК!

Составот на Вардар за жал на овој турнир ќе биде десеткуван, ќе патуваат само дел од момците шефот на струниот штаб на располагање ќе ги има:  Дарко Димитровски,   Георг Поп-Крстев,  Бранко Митиќ,  Влатко Гиевски, Тони Тодоровски и Стојановски Влатко.