Германската судиска двојка Ларс Гајпел – Маркус Хелбиг, ќе биде задолжена за делење на правдата на саботниот натпревар од Л.Ш на кој во Унгарија се среќаваат домаќинот Веспрем и нашиот Вардар.
Дуелот во сабота е закажан да започне со почеток од 17 часот и 30 минути. Очекуваме еден пред се изедначен и возбудлив натпревар. Се надеваме дека на крајот нашиот тим ќе слави уште една победа нагости, по онаа во Франција пред две недели.