Вардарци продолжуваат со добрите игри во новата сезона од Лигата на Шампионите, откако стигнаа и до третиот триумф во најсилната група А. Избраниците на Парондо успеаа да слават на тешкото гостување во Веспрем и на тој начин да останат единствените кои се уште се без пораз во својата група. По завршување на колото, ЕХФ го одбра најдобриот тим, а во него место имаше за Тимур Дибиров, како најдобро лево крило.
За да биде прогласен за играч на колото, гласајте за Дибиров на линкот, ТУКА.