Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Стефан Крстевски: “Ладната„ глава во последните моменти и големата мотивираност ни донесоа победа против Прилеп
Стефан Крстевски:  “Ладната„ глава во последните моменти и големата мотивираност ни донесоа победа против Прилеп

Стефан Крстевски: “Ладната„ глава во последните моменти и големата мотивираност ни донесоа победа против Прилеп

Младиот состав на Вардар Јуниор стигна до втора многу важна победа во супер-лигата. На домашен терен во еден интересен ме, избраниците на Стојан Петрушевски успеаа да слават минимален триумф со резултат 29:28. Двете екипи се менуваа во водство, но на крајот подобри беа црвено-црните. Прилеп до средина на првото полувреме беше во предност, но Вардар беше тимот, кој по првиот дел беше во позитива. Во второто полувреме гостинската екипата стигна и до три голови разлика, но Вардар Јуниор собра сили за резултатски пресврт, за на крајот да успее да ги освои бодовите. Кукуловски и Крстевски беа најефикасни играчи во нашиот состав, а токму средниот бек на Вардар за нашиот сајт ги сподели впечатоците од победата.

-Секако оваа победа е добредојдена за нас бидејќи подоцна овие бодови многу ќе ни значат во борбата за опстанок во лигата. Овој дуел беше од исклучително значење за нас бидејќи игравме на домашен терен и од нас се очекуваше само победа. Во нашата игра имаше и добри и лоши моменти, но ладната глава во последните моменти и големата мотивираност ни донесоа победа од еден гол разлика. Ние како тим ќе се бориме во секој натпревар за добар резултат и се надеваме на добар пласман на крајот од сезоната, истакна Крстевски.

Звонко Ивановски