Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар вчера доцна попладне пристигна во Запрешиќ, денес стартуваме со настапи на “Светскиот куп“
Куглање: Вардар вчера доцна попладне пристигна во Запрешиќ, денес стартуваме со настапи на “Светскиот куп“

Куглање: Вардар вчера доцна попладне пристигна во Запрешиќ, денес стартуваме со настапи на “Светскиот куп“

Вчера, наутро, црвено-црната експедиција на кугларскиот колектив замина за Хрватска, каде во Запрешиќ ги очекува европски предизвик. Тие ќе ја претставуваат нашата земја, Република Македонија на  Светски Куп. Доцна попладне стигнаа во градот домаќин, по кратката аклиматизација заминаа во кугланата (фото насловна) каде од денес ќе започне Светскиот кугларски куп.

Натпреварувањето за нас започнува со настапот на првите играчи, денес во 12 часот и 30 минути. Очекуваме црвено-црните иако со десеткуван состав солидно да ја претстават нашата земја и македонското клупско куглање на овој најсилен меѓународен натпревар. Денес први настапуваат Георг Поп-Крстев и Влатко Гиевски.