Триумфот на Вардар против Стеауа во последното одиграно коло во регионалната лига му донесе и нов клупски и СЕХА рекорд на нашиот тим. Тој изнесува 30 натпревари по ред без пораз, и 29 победи во истиот период. Вардарци остануваат неприкосновени во ова регионално натпреварување.
Денес гостин во СЦ „Јане Сандански” е српскиот првак Војводина. Средбата е закажана со почеток во 17:15 часот. Денешниот противник во првите четири кола има биланс од само една победа и три порази. Црвено-црните се голем фаворит на оваа средба, победата веќе би била 30-та во оваа низа или 31.дуел без пораз на најтрофејниот тим во ова регионално натпреварување. На последните осум меѓусебни натпревари на овие две екипи, Вардар има дури седум побди и само еден пораз и тоа на домашен терен пред четири години, кога шампионот на Србија славел со резултат 23:25. Најголемата победа на црвено-црните против Војводина беше остварена во минатата сезона, кога во истава сала, Вардар славел со резултат 37:22. За потсетување средбата може да се проследни низ директен пренос на Македонската радио и телевизија на првиот програмски канал.
На денешниот дуел во составот сигурно нема да биде пикерот Фереира кој има проблеми со коленото, а најверојатно поштеда ќе добие и Борозан, кј му треба свеж на Парондо за саботниот меч во ЛШ. За натпреварот против Војводина може да добиете и бесплатен билет. Треба да купите билет за следниот меч од ЛШ, против Рајн Некар во сабота, а со тој билет добивате билет и за средбата со Војводина.
Продажба на билети се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk