Wednesday ,22 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ: Вардар навистина знае да започне сезона, 5-та сезона по ред отвара со 3 победи
ЕХФ: Вардар навистина знае да започне сезона, 5-та сезона по ред отвара со 3 победи

ЕХФ: Вардар навистина знае да започне сезона, 5-та сезона по ред отвара со 3 победи

Иако беа отпишани, Вардар ја уверува ракометна Европа дека и оваа година ќе биде еден од најопасните тимови во Лигата на шампионите. Ние тргнавме со три  победи,  првите на  три меча во групната фаза, од кој две пеколни гостувања. Викендов црвено-црните на еден жежок терен како „Веспрем арена“ покажаа храброст, ЕХФ тоа го забележа и го пофали. Европската куќа на ракометот во извештајот за 3.коло го потенцираше одличниот старт на момците на Парондо.

-Вардар знае како да почне сезона на вистински начин, победувајќи во првите три меча веќе петта година едноподруго. Нивната победа над Веспрем, со 27-25 беше прва победа против Унгарците во седум меча во ЛШ- велат  од ЕХФ.

Целиот текст може да го пронајдете на сајтот на ЕХФ, истиот може да погледнете овде.