Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мечот од СЕХА лигата помеѓу Вардар и Војводина низ директен пренос на МТВ
Мечот од СЕХА лигата помеѓу Вардар и Војводина низ директен пренос на МТВ

Мечот од СЕХА лигата помеѓу Вардар и Војводина низ директен пренос на МТВ

Актуелниот шампион на СЕХА Газпром лигата, Вардар  пред себе има нов предизвик,  во регионалното натпреварување. Гостин во СЦ „Јане Сандански” ќе биде  српскиот првак РК Војводина, средбата е закажана за утре, вторник во 17,15 часот. Од овој натпревар директен пренос ќе врши  МТВ, дуелот ќе може да го проследите  на првиот програмски канал на националната телевизија.

За утрешниот натпревар против  српскиот тим може да добиете и бесплатен билет. Треба да купите влезница за следниот меч од ЛШ, против Рајн Некар во сабота, а со тој билет добивате билет и за средбата со Војводина.

Продажба на билети се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk