Попладнево гостин во СЦ „Јане Сандански” во дуел од регионалата СЕХА лига беше српскиот првак, РК Војводина. Во еден натпревар во кој доминиравме со половина сили дојдовме до висока победа. РК Вардар до својата 30-та победа во последните 31 натпревар во ова натпреварување дојде со резултат 33-26.
Дуелот започна со гол за гостите кои поведеоа со 0-1, ние веднаш влеговме во серија со головите на Војводиќ, Чупиќ и Недановски поведовме со 3-1. Од минута во минута бевме подобри, Парондо влезе во овој дуел со комбиниран состав давајќи шанса на играчите со помала минутажа. На средината од првиот дел точно на почетокот од 16.минута со голот на Чупиќ од пенал поведовме со 10-6. Игравме дозирано на овој натпревар, без поголем напор чувајќи ги силите за предизвикот во елитната лига викендов. Со голот на “новајлијата„ Оцвирк во последните 5.минути влеговме со предноста од четири гола кои ја имавме на средината од првиот дел. На семафорот во ‘Јане Сандански“ стоеше 15-11. Со серија 0-3 користејќи едно наше опуштање, Војводина намали на 15-14. Ние успеавме да ја удвоиме предноста до крајот, на одмор на овој дуел од регионалната СЕХА Лига отидовме со предност од два погодока, 17-15.
На почетокот отворивме со серија 3-0, по која отидовме на пет гола позитива, 20-15 и веднаш клупата на гостинот повика тајм-аут. Со најголеми шест гола предност поведовме преку контра на Дибиров, русинот украде една топка и погоди за 22-16. Денес за нас дебитираше алжирецот Калифа Гедбан на голот, во вториот дел успеа да “влезе“ во ритам и врза неколку интервенции. Тој во последните пет минути местото му го остапи на младиот Петковвски. Со голот на Киселев отидовме на највисоки 9 позитива во 48.минута од натпреварот. Се до крајот беше рутина, ние дојдовме до победа со резултат 33-26. За напомена е и фактот што денес во “Јане Сандански’ црвено-црните имаа солидна посетеност, за разлика од другите дуели во регионалната лига денес бројот на гледачи беше неколку пати поголем.
Кај нас прв стрелец беше рускиот бек Киселев со 9 гола од исто толку обида, Сташ имаше четири гола исто така со 100% реализација, дебитантот Гедбан забележа 10.одбрани.