Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар исфрлен од Купот, Македонија ЃП мина во 1/4-финалето
Вардар исфрлен од Купот, Македонија ЃП мина во 1/4-финалето

Вардар исфрлен од Купот, Македонија ЃП мина во 1/4-финалето

Денес на стадионот во населбата Ѓорче Петров се одигра возвратниот натпревар од 1/8 финалето помеѓу домаќинот  Македонија ЃП и ФК Вардар. За жал на овој дуел бевме поразени со 2-1, и оваа сезона 12-та по ред сме исфрлени од најмасовното натпреварување, за потсетување последното Куп финале и трофеј го имавме веќе далечната 2007 година.

За нас стартуваа:  Александар Кировски, Кристијан Тошевски, Николас Херанз, Коста Манев, Јован Попзлатанов, Кларенс Битанг, Филип Најдовски, Алекс Талевски , Матеј Цветановски, Јакуп Бериша,  како  најистурениот напаѓач  започна Џемал Ибиши кој денес е  дебитант.

Првиот дел заврши со резултатска симетрија 1-1, ова беше истиот резултат од првиот дуел на кој ние бевме домаќини. Најпрвин дуелот со погодок го отвори домаќинот, тие погодија во 13.минута. По удар на еден играч на Македонија ЃП,  Стојановски,  топката од гредата се одби до Кировски, кој го совлада вардаровиот голман за почетни 1-0 за “лавовите“. Ние се трудевме да изедначиме и конечно успеавме да погодиме и тоа преку дебитанот Џемал Ибиши во 34.минута. Талевски одлично го проигра во простор, младиот вардарец дојде во ситуација еден на еден и од непосредна близина стрелаше за изедачување. На одмор заминавме со нерешен резултат и отворени карти за пласманот понатака во 1/4-финалето.

Вториот дел Васовски го почна со две измени, на место на Ибиши и Бериша во игра ги уфрли Дарко Мицевски, и Вилијан Лира. Нашата желба за погодок неуспеавме да ја реализираме на почетокот во вториот дел, но затоа домаќините повторно погодија преку Кировски. Се играше 62.минута од овој дуел, играчот на црвено-црните со глава успеаа да го совлада Александар Кировски за водство од 2-1, резултат со кој Македонија минува во следната фаза. Ние се трудевме да дојдеме до резултатска симетрија која би не однела понатака во 1/4-финалето од најмасовното фудбалско натпреварување, но сепак немавме сили за такво нешто. Во вториот дел Матеј Цветановски имаше закана, сепак неговиот удар не донесе поволен резултат.