Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > (ФОТО) Федерацијата му додели благодарница на АК Вардар
(ФОТО) Федерацијата му додели благодарница на АК Вардар

(ФОТО) Федерацијата му додели благодарница на АК Вардар

Минатата недела, на свечен начин беше одбележан редок спортски јубилеј, 70 години од формирањето на Атлетската федерација на Македонија. Овој свечен  настан го отвори Крсто Серафимовски, претседател на Атлетската федерација на Македонија, а присусвуваа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

                За големиот придонес во развојот на атлетскиот спорт, на АК „Вардар„ му беше врачена благодарница, која ја прими Кичевски Митре, претседател на клубот. Благодарници примија и повеќе истакнати атлетичари, тренери и спортски работници од клубот, чии имиња се гордост на АК „Вардар„.

43241555_2101125780216980_1277399518089838592_n

На овој значаен настан од историјата на атлетскиот спорт, присуствуваше и претседателот на IAAF (Светската атлетска федерација), британецот Сер Себастијан Коу.  За оние кои не го познаваат, Себастијан Коу е освојувач на две златни медали на 1500 метри  и две сребрени на 800 метри  на игрите во Москва (1980) и Лос Анџелес (1984). Покрај тоа, 11 пати поставуваше светски рекорди на средни патеки (8 пати на отворено и 3 пати во сала). Во 2012 година, Коу беше на чело на Организациониот одбор на XXX Олимписки игри одржани во Лондон. Во 2014 година, Себастијан Коу е избран за претседател на Светската атлетска федерација.

Себастијан Коу и Марко Ивановски

Себастијан Коу и Марко Ивановски

Со својата скромност и непосредност, Себастијан Коу остави незаборавен впечаток на присатните учесници на конференцијата, а членот на АК„Вардар„ , познатиот маратонец, Марко Ивановски направи и фотографија со Коу, како убав спомен од оваа незаборавна средба.

 

автор: Професор Мирослав Бошковиќ