Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Столе Стоилов полека се опоравува, ако е се во ред веќе со Келце ќе биде во комбинација
Столе Стоилов полека се опоравува, ако е се во ред веќе со Келце ќе биде во комбинација

Столе Стоилов полека се опоравува, ако е се во ред веќе со Келце ќе биде во комбинација

Повредата на капитенот Столе Стоилов полека се надминува, тој се повреди во дуел против екипата на ПСЖ, во подготвителниот период за оваа сезона. Како што денес кормиларот на црвено-црните на прес-конференцијата појасни, се очекува негово брзо враќање.

-Стоилов работи, но невозможно е да игра овој викенд, но следната сабота против Келце би можеле да го имаме. Тој сака да се врати што е можно побрзо, но ќе мора да почекаме. Што се однесува до повредените ракометари, Мораеш и Борозан ќе бидат неизвесни до последен момент, но се очекува настап нивни со Р.Некар, истакна Парондо.