Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Дибиров: Дуелот со Рајн Некар е исклучително тежок, но со поддршка од публиката одиме на победа
Парондо и Дибиров: Дуелот со Рајн Некар е исклучително тежок, но со поддршка од публиката одиме на победа

Парондо и Дибиров: Дуелот со Рајн Некар е исклучително тежок, но со поддршка од публиката одиме на победа

РК Вардар тргна во елитата со трите победи на почетокот од новата сезона на Лигата на шампионите. Во сабота не очекува дуел од 4.коло, за кој  ЕХФ реши дека средбата со  Рајн Некар е  меч на колото. Двете екипи на првите две места во групата, Вардар има шест бода, а  Рајн Некар е зад нас со еден пораз. По повод дуелот кој ќе се одигра во сабота, 6.октомври во СЦ “Јане Сандански“ со почеток во 17-30 часот денес се одржа прес-конференција на црвено-црните.

Роберто Парондо, тренер на Вардар: Во сабота играме против одлична екипа составена од многу квалитетни ракометари. Знаеме дека ќе биде тешко бидејќи имаат многу разни варијанти во играта. Ние сме фокусирани на средбата. Мораме да се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да дојдеме до нов добар резултат. Играат добро 6 на 6. Знаат да одиграат добро и 7 на 6 и се меѓу најдобрите во таа формација. Клучно за нас е да одиграме добро во одбраната.

Tимур  Дибиров: Рајн Некар ни е познат противник. Знаеме што не очекува, но во исто време не знаеме со каква игра ќе дојдат против нас. Секој натпревар го играме со 120 проценти мотивација. Со поддршка од нашите навивачи ќе се обидеме да дојдеме до уште една победа во Лигата на шампионите.

*Билетите за натпреварот Вардар – Рајн Некар се пуштени во продажба, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и преку www.ticketplus.mk.