Викендов на програмата во ПМФЛ е 9.коло во кое ќе гледаме дерби на водечките две екипи, лидерот Вардар и второпласираната Академија Пандев. На овој дуел црвено-црните ќе бидат домаќини на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Позната е и судиската тројка за натпреварот ќе се игра во 15-00 часот.
Главен судија е делегиран штипјанецот Стојанче Стојанов, него ќе му помагаат во делењето на судиската правда сограѓаните Караколев Никола и Саздовски Зоран.