Трета победа за Вардар во Лигата на шампиони во исто толку натпревари.Од С.Ц. Јане Сандански со наведнати глави заминаа и Р.Н.Ловен.Вардарци забележаа уште една важна победа која ги остава во борба за едно од првите две места во групата.
Карачиќ со два гола го отвори дуелот за водство на Вардар од 2:0.Германскиот вицепрвак брзо одговара и со четири гола во серија го вртат резултатот во нивна корист 2:4 во 7 минута со голот на Гретцки.Првото израмнување се случува во 13 минута,во овие моменти одлично издание има Матјаж Брумен кој најпрво погодува за 6:6,а подоцна и за предност од 8:6 во 16 минута од мечот.Претходно својот прв гол го постигнува и Столе Стоилов кој почна на пикерската позиција.До крајот на првото полувреме гледаме израмнета игра со моменти свои и на двете екипи.Петерсон донесува повторно израмнување 9:9,за со два гола во низа на Тимур Дибиров повторно да водиме со 11:9 во 24 минута.Сепак на полувреме се замина без предност 13:13.
Арпад Штербик го отвара со одбрана вториот дел,и како да ја навести добрата игра во одбраната на неговите соиграчи и неговото голманско издание.Понесени од атмосферата која на секој меч ја прават Комити и од одличниот на голот Штербик,Вардар го засилува темпото на игра.За само неколку минути успева да поведе со највисоки 19:14 во 38 минута со погодокот на Душебаев.Дибиров со прекрасен погодок донесува најголема предност за црвено-црните 21:15 во 43 минута од натпреварот.Овој период беше клучен за победата на крајот.Р.Н.Ловен успеа за кратко да намали на минус четири гола.Нивниот играч од минатата сезона Горбок, а сега член на Вардар им пресудува на германците постигнувајќи два одлични гола.Резултатот во 51 минута на семафарот гласеше 25:18.До крајот на мечот како малку да се отпуштивме,дозволивме на противникот да постигне неколку гола во контра-напад,и на крај сепак да се избори за неубедлив пораз.Конечниот резултат е 28:25.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Матјаж Брумен со 6 гола.Душебаев и Карачиќ постигнаа по 5 гола.Арпад Штербик повторно беше феноменален на голот,и докажа зошто е број еден голман во свет,а Комити докажаа дека се број еден публика во европа.
Следен натпревар е против Монпеље на гостински терен.
12.10.2014