Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вистински тест за Вардар,во Скопје доаѓа германскиот вицепрвак Рај Некар Ловен.

Вистински тест за Вардар,во Скопје доаѓа германскиот вицепрвак Рај Некар Ловен.

Во третото коло од Лигата на шампионите,Вардар за противник ќе го има германскиот вицепрвак екипата на Рај Некар Ловен.Натпреварот ќе се одигра во недела во С.Ц.Јане Сандански со почеток од 19:30.Овој дуел за Вардар ќе значи вистински тест,со оглед дека се работи за многу квалитетен противник.

Минатата сезона,Рај Некар Ловен речиси во последните минути ја изгуби титулата во своето првенство од екипата на Кил,каде одлучуваше гол разликата.Во Лигата на Шампионите во 1/4 после тешка борба беа елиминирани од екипата на Барселона,иако по првиот меч имаа голема предност,сепак не успеаа да ја зачуваат на реваншот во Шпанија.

Од оваа сезона имаат нов тренер,се работи за Николај Јакобсен,а негов помошник е довчерашниот играч на клубот и на Германската репрезентација,специјалистот за одбрана Оливер Рогиш.Клубот претрпе неколку промени и на играчки план.Од клубот заминаа:Томас Свенсон(кој беше помошен тренер на голманите),Сергеј Горбок(кој дојде во Вардар),Никола Манојловиќ,Горан Стојановиќ,Жарко Шешум,Рајко Продановиќ,Кевин Биц,Дени Џозиќ и Михал Абт.
Екипата ја засилија неколку квалитетни ракометари:Харалд Реинкеј,Мадс Менсах Ларсен,Стефан Кнер,Тим Сутон,Бастиан Рухман и Мариус Стенхаусер.Најголемата опасност доаѓа од крилните позиции каде се Уве Геншејмер и Патрик Гретцки.На голот го имаат еден од најдобрите голмани во свет Никлас Ландин.

Во подготвителниот период одиграа неколку натпревари,каде претрпеа само еден пораз од екипата на Кил.

1.Р.Н. Ловен-Шафхаузен 36:23
2.Р.Н. Ловен-Висла Плок 41:31
3.Р.Н. Ловен-Магдебург 28:27
4.Р.Н. Ловен-Кил 23:29
5.Р.Н.Ловен-Ветцлар 30:29
6.Р.Н.Ловен-Винтертур 32:24

Во домашното првенство,Р.Н.Ловен почна одлично и во моментов се наоѓа на водечката позиција со само еден пораз.Во останатите натпревари забележаа победи.

1.Р.Н Ловен-Магдебург 24:23
2.Р.Н.Ловен-Ерланген 35:18
3.Р.Н.Ловен-Хамбург 28:26
4.Гумерсбах-Р.Н.Ловен 27:32
5.Бергишер-Р.Н.Ловен 24:23
6.Р.Н.Ловен-Гепинген 26:20
7.Минден-Р.Н.Ловен 25:37
8.Р.Н.Ловен-Хановер 32:20

Ова е уште еден предизвик за сите,во недела да дојдат во С.Ц.Јане Сандански да го подржиме Вардар кон нова победа.

10.10.2014

Leave a Reply