Нема поубав почеток од една нова авантура во ЛШ,но овој пат во нов спортски храм,кој би требало да стане неосвоива тврдина за ракометните клубови на Вардар.Втора победа за Вардарци во Лигата на шампионите против Екипата на Чеховски Медведи,и воедно прва во новиот С.Ц.Јане Сандански.
Тимур Дибиров испиша историја прво за себе ,а потоа и за новата сала постигнувајќи го првиот официјален гол во овој спортски храм.Токму со неговиот погодок,Вардар поведува со 1:0,за потоа за брзо време да има веќе предност од 4:0 во 7 минута со голот на Игор Карачиќ.Првиот гол гостите од Русија го постигнуваат дури во 7 минута од натпреварот.Со два гола во серија на Лацковиќ,црвено-црните поведуваат со 7:3.Целосниот распад на Медведи следи од од 15 минута па натаму.Со добра игра во одбраната,со одличните одбрани на незаменливиот на голот Штербик,со брзите контри на Дибиров и со бомбите на Душебаев,предноста расте од минута во минута.Со двата гола на уште едно руско засилување Данил Шишкарев,Вардар веќе има двоцифрена предност.Во 23 минута резултатот на семафорот гласи 17:7.Последните три гола од првиот дел,повторно дело на летечкиот Дибиров за зголемена предност,и заминување на пауза со резултат 24:12.
Столе Стоилов го отвара второто полувреме со погодок за предност од веќе плус 13 гола.Ч.Медведи успева со подобра игра да ја намали предноста на 27:19 во 39 минута од мечот.Но тоа е се што успеваат да сторат на овој дуел.Вардар повторно ја враќа двоцифрената предност во 45 минута поведува со 30:20.До крајот рутински го приведуваат мечот за голема и убедлива победа,против рускиот преставник.Конечниот резултат гласи 39:28.
Штербик и Ангелов добија по едно полувреме на голот,и двајцата имаа успешна вечер забележувајќи голем процент на одбранети удари.
Најефикасни повторно беа Дибиров со 8 и Душебаев со 7 постигнати гола.Одличен меч одиграа Стоилов и Шишкарев кој додоа по 5 гола.Следен натпревар во ЛШ, е повторно на домашен терен против екипата на Рај-Некер Ловен.
04.10.2014