Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ви ја преставуваме екипата на Чеховски Медведи,следниот противник на Рк Вардар во Лигата на Шампиони.
Ви ја преставуваме екипата на Чеховски Медведи,следниот противник на Рк Вардар во Лигата на Шампиони.

Ви ја преставуваме екипата на Чеховски Медведи,следниот противник на Рк Вардар во Лигата на Шампиони.

Во сабота со почеток од 19:00 во С.Ц.Јане Сандански,Вардар ќе биде домаќин на екипата на Чеховски Медведи која доаѓа од Русија.Ова ќе биде прв меч за Вардар во новата сала,каде се очекува да се продолжи победничката серија и на овој дуел.

Под името Чеховски Медведи,клубот опстојува од 2001 година,а пред тоа се натпреварувал под името Цска Москва.Под новото име,имаат 12 последователни наслови на Руски шампион.Најголем успех во Лигата на Шампионите го постигнуваат во 2010 година,кога со победата на д Монпеље,успеваат да се палсираат на завршниот турнир.Во полуфиналето тогаш беа поразени од екипата на Барселона.

По завршување на сезоната 2012/2013,клубот се наоѓа во тешка финансиска состојба.Тоа ги принудува неколку ракометари да го напуштат клубот.Помеѓу нив се и досегашните играчи на Вардар (Дибиров,Горбок,Чипурин,Растворцев).По една сезона,рускиот шампион повторно се враќа да се натпреварува во ова натпреварување.
Најголема звезда на тимот е тренерот Владимир Максимов и Сергеј Шелменко,кој има богата играчка кариера настапувајќи за Рај-Некер Ловен и Динамо Минск.

На подготвовките одиграа неколку пријателски натпревари,а учествуваа и на турнирот “Кубок Белгаспромбанка“ каде ги оставрија следниве резултати:

1.Мотор Запорожје-Чеховски Медведи 34:28
2.Брест Мешков-Чеховски Медведи 35:33
3.Чеховски Медведи-Одорхеи 34:33
4.Данкерк-Чеховски Медведи 24:27
5.Чеховски Медведи-Трембле 32:24
6.Ел Џаиш-Чеховски Медведи 27:36
7.Чеховски Медведи-Псж 22:32

03.10.2014

Leave a Reply