Победа за Вардар во дербито на Сеха-лигата против екипата на Загреб со резултат 32:29.На почетокот целото внимание беше свртено кон миленикот на Комити,тренерот на Загреб Веселин Вујовиќ,за кој ова беше доста емоционално враќање во Кале.Од трибините се слушаше “Вујо мајсторе“ и “еден е Вујо“,комити само потсетија дека Вујо ќе биде засекогаш во нивните срца.
Натпреварот започна со гол за противникот дело на Степанчиќ.Душебаев израмнува за 2:2 во 4 минута.Со огромната подршка од трибините,црвено-црните почнуваат да го преземаат водството во свои раце и да го одржуваат се до крајот на мечот.Брумен погодува за 7:3 во 10 минута,и за најголема предност во тие моменти.На овој натпревар можност за игра добија оние,кои имаа помала минутажа против Целје.Тоа најмногу го искористи Добривоје Марковиќ,кој беше и најефикасен кај Вардар.Со два гола на Шишкарев во серија,предноста во корист на Вардар се зголемува и истата изнесува 16:10 во 22 минута.Загреб до крајот на првото полувреме заигрува многу подобро,успева да намали на три гола разлика.По првиот дел ,резултатот гласи 19:16.
Во второто полувреме продолжува голеадата на Марковиќ,кој речиси беше непогрешлив на овој меч.Со неговиот погодок во 40 минута,Вардар повторно има голема предност од 24:19.До крајот на мечот избраниците на Гонзалес ,успеваат да ја одржат оваа разлика,и на крај сосема заслужено да остварат нова победа во Сеха-лигата.
На овој дуел,одмараа Тимур Дибиров и Арпад Штербик.
На голот Милиќ и Ангелов добија подеднаква минутажа.Добривоје Марковиќ постигна 10 гола,Душебаев 4,Горбок и Шишкарев додадоа по 3 гола.Следен натпревар на Вардар е во ЛШ,против екипата на Чеховски Медведи во С.Ц.Јане Сандански.
Фото:рквардар.мк
30.09.2014