Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со Загреб,во дербито на Сеха-лигата.

Вардар со Загреб,во дербито на Сеха-лигата.

Рк Вардар се простува од Кале против екипата на Загреб,која е предводена токму од миленикот на Комити Веселин Вујовиќ.Ова ќе биде нешто повеќе од натпревар,не од аспект дека им се многу неопходни бодовите на двата тима,туку од аспект дека на Кале повторно ќе се појави легендарниот Вујовиќ.Несомнено е дека навивачите ќе го пречекаат со големи аплаузи и извикување на неговото име.

Што се однесува до самиот меч,и двете екипи влегуваат со победи од настапите викендов во Лигата на шампионите.Вардар беше поуспешен од Целје,а екипата на Загреб направи голема сензација совладувајќи ја екипата на Кил.Секако ова ќе биде уште еден голем мотив за двата тима да ја продолжат серијата на победи,пред се за Вардар за кој ова е последен меч на Кале.

Загреб влегува во новата сезона,со речиси истиот тим од минатата година.Единствено замина Јерко Матулиќ,а дојдоа анонимните Домагој Павловиќ и Матео Лукачец,како и Лука Раковиќ кој дојде токму од Вардар.

На летните подготовки учествуваа на два силни меѓународни турнири.
-Sparkassen Kup каде ги забележаа следниве резултати:
1.Загреб-Фуксе Берлин 29:29
2.Загреб-Шамбери 25:29
3.Загреб-Шафхаузен 34:27

-Vendee Hand Trophe ги оставрија следниве резултати:
1.Загреб-Монпеље 31:33
2.Загреб-Ст.Рафаел 29:31
-Kasino Mercur spielothek cup:
1.Загреб-Антрајхт Хилдешејм 24:17
2.Загреб-Минден 11:11 (натпревар во 30 минути).
3.Загреб-Либеке 24:28
4.Загреб-Гепинген 26.24

Исто така одиграа уште неколку подготвителни натпревари,забележувајќи ги овие резултати:
1.Загреб-Марибор Браник 29:25
2.Загреб-Ел Џаиш 25:27
3.Загреб-Вараждин 31:33

Во Регионалната лига,до ова коло,одиграа четири натпревари,каде остарија три победи и еден пораз:
1.Нексе-Загреб 19:35
2.Загреб-Татран 21:25
3.Брест Мешков 28:29
4.Загреб-Војводина 29:24

Натпреварот се игра во вторник во С.Р.Ц Кале со почеток од 20:15.

29.09.2014

Leave a Reply