Вардар за прв пат сезонава ќе игра пред полна сала. До овој момент, според онлајн продажбата на билети за утрешниот меч, во слободна продажба се останати едвај 400 билети.
Оваа вест е одлична за ракометарите кои со сигурност ќе имаат голема поддршка од трибините во текот на целите 60. минути. Со повик се обратија и Комитите, кои со сигурност ќе го наполнат и нивниот дел од трибината за уште едно незаборавно навивање.
- Билети можете да купите ТУКА.