Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Судии од Србија на утрешниот дуел
Судии од Србија на утрешниот дуел

Судии од Србија на утрешниот дуел

Судии на утрешниот меч Вардар – Рајн Некар ќе бидат Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ од Србија, за ЕХФ делегат е назначен Хелмут Вил од Австрија.

Вардар на утрешниот дуел кој е назначен за дерби на колото во Л.Ш, ќе се обиде да стигне до уште една победа, четврта во новата сезона од исто толку натпревари.

Дојдете утре во сала сите заедно да навиваме за нашите ракометари за уште една значајна победа. Дуелот започнува со почеток од 17:30 часот.