Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Комити > КОМИТИ: Се враќаме на старите патеки, утре идеме на фудбал и ракомет

КОМИТИ: Се враќаме на старите патеки, утре идеме на фудбал и ракомет

43143875_1870605196327090_5198365086338514944_n

Утре, ракометниот и фудбалскиот колектив играат важни натпревари, по тој повод најверните навивачи на црвено-црните, Комити Запад излегоа со информација за членовите, во која се вели следното:

Сабота 06.10.2018, нашиот Вардар се бори на два фронта. Затоа, Комити мобилизирајте се и да покажеме кои сме и што сме. Време е, да се вратиме на старите патеки.
Првиот натпревар е на нашиот фудбалски клуб, на стадионот Борис Трајковски во Маџари, против Академија Пандев, додека другиот е ракометниот дуел против Рајн Некер во салата “Јане Сандански”.
Продажбата ќе се одвива пред стадионот, пред и за време на фудбалскиот натпревар, со цена од 50 денари, додека пред сала билетот ќе изнесува 100 денари.

Правда за Саздо !!!

Да живее Вардар и Македонија !!!