Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Милосављев: Функционираме како едно семејство, се надевам дека утре ќа ја почуствувам вистинската атмосфера и силата на Вардар
Милосављев: Функционираме како едно семејство, се надевам дека утре ќа ја почуствувам вистинската атмосфера и силата на Вардар

Милосављев: Функционираме како едно семејство, се надевам дека утре ќа ја почуствувам вистинската атмосфера и силата на Вардар

Вардар има одличен старт во Лигата на Шампионите, а за тоа сигурно заслуга и свој голем придонес има новото засилување на голот, се работи за српскиот репрезентативец, Дејан Милосављев. Играчот кој дојде како “анонимен„ во редовите на поранешниот шампион на Европа и учесник на последните два завршни турнири, никој не го сметаше за сериозно и алтернативно решение на голманската позиција, откако клубот го напушти Арпад Штерби. Сепак популарниот “банда„ за краток период ги демантираше сите и ги освои симпатиите на вардаровите навивачи. На три одиграни меча во Лигата на Шампионите и на четири во СЕХА имаше двоцифрен број на одбранети удари и целосно ја заслужи почитта кај навивачите. Во интервју за “Балкан Хандбал„, Милосављев говори за неговото доаѓање во Вардар, за работата со Дејан Периќ и за добриот старт во Лигата на Шампионите.

42058294_10157386046720348_172471610136068096_n

Поинакви биле очекувањата на Милосављев после потписот со Вардар, но работите тргнаа во друга позитивна насока за него.

-Дојдов да бидам втор голман, да му помогнам на Страхиња Милиќ, но се случи нешто поинаку и станав прв голман. Малку се плашев од предизвикот, сепак тоа беше се ново за мене. Нормално е да чуствуваш трема, се работи за голем клуб каде се игра и тренира на највисоко ниво, играме тешки натпревари. Со одличните подготовки на Дејан Периќ пред натпреварите добив мир и голема поддршка. Функционираме како семејство, цел ден сум заедно со Периќ. На секој тренинг е познато што ќе се работи и никогаш не се претерува. Се работи тоа што е потребно и не се форсира. Имаме добра комуникација, често добивам прашања, како се чуствувам, како ми се рацете и нозете.

Голема заслуга за добрите настапи на Милосављев има и неговиот тренер на голмани, Дејан Периќ голема легенда на европскиот и светскиот ракомет, во кој има големо и непроценливо искуство.

Среќен сум што е тука, да не тој се ќе биде многу потешко. Има голема улога што имам добри изданија на голот. Од моментот кога ќе влезам во сала, знам дека работам за да бидам подобар, сепак патот до успехот е тежок. Среќен сум што добив шанса на вакво ниво. Вратив на добар начин на стартот од сезоната, а се надевам дека ќе бидам уште подобар.

seha-vardar-metalurg-29-08-2018-173121

Заминувањата на играчите кои имаат голем удел во успесите на екипата, можеби беа повод за многу да го стават Вардар во втор план, на мечевите од Лигата на Шампионите. Ако се додадат и повредите на Горбок и Стоилов, малку веруваа дека црвено-црните ќе имаат брилијантен старт на сезоната.

-Не можам да кажам дека сите верувавме, имавме многу проблеми со повредени играчи, првите 15-20 дена додека не започна сезоната никој не претпоставуваше што ќе се случува. Сепак остана “костурот„ на екипата, Тимур, Столе и Карачиќ кои се многу искусни и знаат како да го понесат товарот на својот грб, а истото да ни го пренесат и на нас помладите играчи. Големо влијание на мене имаат и подготовките пред секој натпревар. Во пресрет на првиот дуел во ЛШ, кажаа дека одиме да победиме во Монпелје и дека нема друга опција. Кога слушаш такво нешто и ти веруваш во победа. Момците имаат победнички менталитет, на натпреварите тоа се сосема други луѓе. Се уште не можам да верувам дека сум дел од ваква екипа со такви играчи, тоа е нешто неверојатно. Некои можеби не потценија но ние сме екипа од искусни и играчи што се желни да се докажуваат. 

Од “анонимец“„ за брзо време Милосављев ги пробуди симпатиите кај вардаровите навивачи, но и кај неговите соиграчи, кои се свесни за неговиот придонес на мечевите кои Вардар ги одигра.

-Слушнале за мене, но никој не ме познаваше, кој има време да прати и српски ракомет после толку обврски. Во првите 15-20 дена се беше на ниво, “млад„ е. Веруваа во мене, но не претпоставуваа дека тоа може да биде на високо ниво. Тука бранеше еден голем Арпад Штербик, потоа останавме и без “Џамбо„ па нормално е да имаше предрасуди спрема младите голмани. На турнирите во Германија и Стразбур од натпревар на натпревар ја подигнував формата. После секој натпревар ме прашуваа, до кога ќе трае. Се обидувам да држам некое ниво, не е премногу добро, но ниту лошо. Не мораат да бидат 20 одбрани, нека бидат 12,13 или 15, кои се доволни за ваква екипа да победи. Имам голема поддршка од соиграчите. 

После големата победа на гостувањето против актуелниот шампион на Европа, ретко кој очекуваше дека Вардар ќе направи уште еден голем подвиг и дека ќе слави во “Веспрем арената„.

Се уште ми е нејасно како успеавме да победиме во Веспрем. Знаевме во каква ситуација се наоѓаме со оглед на повредени играчи. Морав да го гледам натпреварот за да се потсетам на некои детали од тој дуел. На ништо не се сеќавав после натпреварот, од атмосферата главата ми пукаше 300 на саат. Кога ќе излезеш на терен ги чекаш играчите на Веспрем да излезат, тоа е неверојатно чуство. Добро се подготвив за натпреварот, знаев дека нема да бидам лош.

42881935_1915354158530299_1128495308334956544_n

Голманот на Вардар верува дека во сабота ќе ја почуствува вистинската атмосфера во салата Јане Сандански. Истовремено се заблагодари и за поддршката која му ја дава македонскиот народ, а тој се труди да врати на најдобар можен начин.

Не чека натпревар против Рајн-Некар, во сабота се надевам дека ќе ја осетам атмосферата и силата на Вардар кога арената ќе биде полна, играчите кажуваат дека ќе биде појако отколку во Веспрем. Имам голем мир во Скопје, единствено ја чуствувам еуфоријата на социјалните мрежи. Многу ми значи поддршката од македонскиот народ, никогаш немам доживеано такво нешто. Имам поддршка од луѓето кога ќе ме сретнат на улица, пријатели, од семејството и сакам да вратам на најдобар можен начин.