Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ утре ќе одиграат дуели со екипата на Македонија Ѓ.П
Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ утре ќе одиграат дуели со екипата на Македонија Ѓ.П

Вардаровите генер. “2004„ и “2005„ утре ќе одиграат дуели со екипата на Македонија Ѓ.П

Во сабота своите натпревари во рамките на регионалната-скопска лига ќе ги одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2004„ и “2005„ година. Противник ни е екипата на Македонија Ѓ.П, а мечевите ќе се одиргаат на теренот во Ѓорче.

Генерацијата родени “2004„ година е без победа на последните два натпревари, откако најпрво го загуби дербито од екипата на Работнички, а потоа и на домашен терен не успеа да слави во дуелот со Милано. Мечот со Ѓорче е добра прилика за оваа генерација да се врати на победите во лигата и да фати приклучок во борбата за шампионската титула. Натпреварот е закажан да започне од 15:30 часот.

Генерацијата “2005“ имаше одличен старт на дебитантската сезона во ова натпреварување и по првите три кола имаат исто толку победи. На стартот од сезоната совладани се екипите на Шкендија, Работнички и Милано. Дуелот со врсниците од Македонија Ѓ.П, во сабота ќе стартува од 14:00 часот.