Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шест причини зошто “чудото“ од Вардар “гази„ во Лигата на Шампионите
Шест причини зошто “чудото“ од Вардар “гази„ во Лигата на Шампионите

Шест причини зошто “чудото“ од Вардар “гази„ во Лигата на Шампионите

Многу брзо Вардар го промени мислењето кај експертите на ЕХФ, кои пред почетокот на сезоната не ги сместија црвено-црните ниту во ТОП-10 листата на екипи кои имаат шанси да се најдат на завршниот турнир. Двете победи на тешките гостувања против Монпелје и Веспрем, како и домашниот висок триумф против Кристијанштад, го натера ЕХФ да ги открие причините за добрата игра на Вардар во најсилната група А.

Пред дербито на колото во Лигата на Шампионите, кое на програмата е во сабота, помеѓу Вардар и Рајн-Некар, официјалната страна на ЕХФ излезе со наслов “Шест причини зошто Вардар продолжи да биде импресивен и оваа сезона“.

42058684_10157386044855348_1472226810958708736_n

1. Парондо и специјалната шпанска состојка

Докажан е фактот дека шпанските тренери имаат уникатен стил, а во последните неколку сезони се откри дека тие се оние со таен рецепт коi го однесоа Вардар до големи достигнувања. Роберто Гарсија Парондо имаше голема празнина за пополнување, откако си заминаа неколку играчи и тренерот Раул Гонзалес. Еден од главните аспекти на културата на шпанците е тоа што тие обрнуваат внимание на тимската работа – не само во ракометот, туку и во сите тимски спортови. Шпанците знаат како да ги интегрираат играчите во тимови, а Парондо го направи токму тоа за многу краток период.

2. Милосављев – новата блескава ѕвезда

Тој можеби не е Арпад Штербик, но младиот српски голман Дејан Милосављев не можеше да сонува за подобро деби во Лигата на шампионите. Товарот беше на негова страна на почетокот на сезоната, кога тој заменуваше еден од најистакнатите голмани во историјата на ракометот во она што изгледаше како “невозможна мисија”, но 22-годишниот голман демонстрираше стабилност и имаше спектакуларни одбрани, од кои профитираше тимот. Со досегашните настапи, Милосављев веќе стана нов омилен играч меѓу црвено-црните навивачи. Не е изненадување што тој беше прогласен за најдобар голман во СЕХА лигата за месец септември.

vardarfans-milosavljev

3. Тимскиот дух и покрај бројните заминувања

Еден од најтешките предизвици е да се задржи тимската кохезија која беше нарушена со заминувањето на клучните играчи. Новиот тренер мораше да се справи со заминувањето на Арпад Штербик, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Џоан Канелас и Хорхе Македа. Имајќи ги предвид овие промени, на хартија, списокот на Вардар е малку послаб од минатата сезона. Но, она што тимот на Паррондо го демонстрира на теренот е сосема поинакво, благодарение на уникатниот тимски дух меѓу играчите.

4. Бразилецот Мораес одлично го замени Стоилов

На почетокот на сезоната, македонскиот шампион се соочи со две повреди, кои ги оддалечија од теренот Сергеј Горбок и Стојанче Стоилов. Се разбира, ова предизвика главоболки за Парондо, но за среќа на Вардар, бразилскиот пикер Мораес Фереира беше незапирлив во линијата од шест метри и во нападот и одбраната и успешно го покри го отсуството на капитен Стоилов.

42306182_10157397936930348_5596475801257115648_n

5. Потценување од страна на противниците

Вардар се најде во тешка група со противници како Монпелје, Веспрем, Киелце и Левен. Со оглед на силната група, македонските шампиони се соочија со одредено ниво на потценување од нивните противници во групата, што им даваше шанса да се претстават уште подобро.Да, ова беше причината што Вардар го спушти на колена актуелниот бранител на титулата во ЛШ и зошто победија против Веспрем во неговата арена по првпат.

6. Играта без притисок

Дополнителна причина за трите победи во три кола се намалените очекувања од домашните навивачи. Многу претпоставуваа дека Вардар почнува нова ера, дека ќе му биде тешко на подмладениот тим да блесне и да ги повтори достигнувањата од последните неколку сезони. Ова значеше и помал притисок за скорешниот освојувач на ЛШ, а ваквиот почеток на сезоната уште еднаш даде ветување, Вардар цели високо, а неговите фанови предупредуваат: внимавајте – Вардар повторно маршира!

42195898_10157386045775348_2884553096019574784_n