Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рајн-Некар се “испоти„ и со пресврт во вториот дел го доби мечот против Гумерсбах
Рајн-Некар се “испоти„ и со пресврт во вториот дел го доби мечот против Гумерсбах

Рајн-Некар се “испоти„ и со пресврт во вториот дел го доби мечот против Гумерсбах

Следниот противник на Вардар во Лигата на Шампионите, екипата на Рајн-Некар забележа тешка победа на натпревар од бундеслигата против екипата на Гумерсбах.

Цели 40 минути лавовите од Манхајм беа во негатива, но за краток период успеаа да направат голема серија и да го свртата резултатот во своја корист. Во првото полувреме, гостинската екипа имаше највисоки шест голови разлика (2:8), додека во шест наврати имаа и позитива од пет голови. На полувреме, Гумерсбах замина со водство од 10:14. Ниту на стартот на второто полувреме избраниците на Јакобсен немаа одговор за добрата игра на Гумерсбах, кој повторно стигна до шест голови предност (12:18). Од тој момент на сцена стапија Талевски и Шмид кои со серија од погодоци успеаа да го израмнат резултатот на 18:18. За момент Гумерсбах ја прекина серијата, но Рајн-Некар направи серија од 3:0 и за прв пат поведе со два гола позитива (21:19). Јасно беше прашањето за победникот, кога домаќинот на овој дуел се одлепи и на пет голови (25:20), а до крајот на мечот се чуваа силите за дуелот со Вардар. На крајот победија со резултат 30:24.

Енди Шмид постигна 10 голови, додека Филип Талески имаше 5 погодоци. Во текот на денешниот ден, бундеслигашот ќе пристигне во Скопје, а на дуелот нема да го гледаме Илија Абутовиќ, кој иако ќе допатува нема да биде во составот за мечот со Вардар.