Денес со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар го натпреварот од 4.коло во Лигата на Шампионите против екипата на Рајн-Некар. Црвено-црните се лидери на табелата со максимален број на освоени бодови, па триумф против “лавовите„ од Манхајм само ќе го зацврсти Вардар на првата позиција. Тренерот Гарсија Парондо се одлучи за кои 16 ракометари ќе смета на денешниот меч. Во составот се враќа капитенот Стоилов, додека деби во ЛШ и за алжирецот, Калифа Гедбан.
Вардар: Милосављев, Дибиров, Шишкарев, Чупиќ, Поповски, Ѓорѓески, Борозан, Криштопанс, Карачиќ, Фереира, Калараш, Скубе, Мишевски, Гедбан, Војводиќ, Кисељев, Стоилов.
Иако самиот истакна дека нема да игра, тоа сепак беше тактички, денес ќе го видиме и Абутовиќ, но на спротивната страна. Дојдете во сала да му дадеме поддршка на Вардар кон уште една голема победа во ЛШ.