Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на Вардар и А.Пандев одиграа без победник
Пом.пионери на Вардар и А.Пандев одиграа без победник

Пом.пионери на Вардар и А.Пандев одиграа без победник

Помладите пионери на Вардар и Академија Пандев одиграа без голови 0:0, во дербито кај помладите пионери, кое утрово се одигра на теренот на Академијата.

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски (c), Јовановски, Сељанац, Ѓорѓоски, Давков, В.Стојановски, Стојчевски, Андрески, Мирков, Г.Стојановски, Живков.

Во првото полувреме не видовме ниту една голема шанса на двете страни, па на полувреме се замина со почетните 0:0. Ќе го одбележиме првиот директен удар кон голот на струмичани и тоа со глава на Филип Ѓорѓоски кој заврши покрај голот, после нафрлена топка од корнер. На два пати во акција за гол се најдоа Мирков како асистент кој во противничкиот шеснаесетник го пронаоѓаше Георг Стојановски, кој со глава во двата наврати бие покрај голот, како и директниот удар од прекин на Мирков, кој исто така заврши покрај голот. Академија Пандев во 40 минути немаше ниту еден директен удар кон голот на Стојковски.

2

Ниту петте измени кои ги направи во вториот дел тренерот Деспотовски не донесоа резултат. Во игра ги видовме Ќосески, Прелоговски, Ѓорѓиевски, Трпезановски и Марковски, кои ги заменија Живков, Андрески, В.Стојановски, Мирков и Јовановски. Можеби најголемата шанса да стигнеме до трите бодови ја имаше Антонио Мирков кој ја погоди пречката од противничкиот гол, кога биеше од прекин. Конечно прв директен удар и за гостинската екипа, но ништо опасно кон нашиот гол.

3

На денешниот дуел и дефинитивно се осети отсуството на капитенот Давидовски и Халими, кои беа важни играчи за Вардар на средината од теренот. Делувавме безопасно а нашиот напад беше целосно отсечен. Се обидувавме со нафрлени топки, но ниту тоа не даде резултат, последната прилика ја имаше Георг Стојановски кој со  глава биеше покрај голот. На крајот мирољубиви 0:0 на овој дерби дуел од 5.коло кај генерацијата родени “2003„ година.

Втор натпревар по ред оваа генерација на Вардар не успеа да победи, откако во минатото коло го претпрпе и првиот пораз.