Фудбалската генерација 2008 на Вардар предводена од Миле Крстев забележа победа на денешниот дуел во рамките на новото коло од Детската лига. Утринава црвено – црните иако губеа на полувреме, сепак на крајот го совладаа тимот на Милано со резултат 7:3 (1:3).
Првиот дел мина со многу промашени шанси кај Вардарци, а пак противникот умешно знаеше да погодува за на полувреме да замине со комотна предност од 3:1. Стрелец на единствениот гол во првиот период за црвено-црнит беше, Петар Блажевски. Вечно Вардарци неможеа да промашуваат, па така во вториот дел на сцена стапија некој нови момчиња кои во вториот дел дадоа дури шест погодоци за целосен пресврт и изводјувана победа со вкупен резултат 7:3.
Стрелци кај Вардар денеска беа: Арти Азизи (2), Коста Бошкоски, Стефан Бранковски, Матео Кесиќ и Стефан Марковски по еден гол.
* Играа сите момчиња бидејќи дуелот на Вардар (2) е откажан.