Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дојдете во Маџари да му помогнеме на нашиот тим да дојде до уште една победа
Дојдете во Маџари да му помогнеме на нашиот тим да дојде до уште една победа

Дојдете во Маџари да му помогнеме на нашиот тим да дојде до уште една победа

Дербито на колото денеска е во Маџари каде лидерот на табелата Вардар ја пречекува второпласираната екипа на првенствената табела Академија Пандев.

Овој натпревар е многу важен за нашиот тим бидејќи со победа црвено – црните ќе се одлепат на комотни плус седум зад денешениот ривал и во секој случај би ја задржале одличната позитива од плус пет над тимот на Шкендија, која токму во следното коло гостува кај нашиот Вардар.

За денешниот дуел Васоски ги има на располагање сите играчи освен поодамна повредениот Исени. Се враќа Новак на стоперската позиција, како и голманот Гачевски. Во нападот пак, секако ќе бидат Лира, Барсегјан и Јуфо.

Дојдете во Маџари од 15.00 часот да навиваме за нашиот тим за уште една значајна победа.