Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Два пораза за генер.2006 во Детската лига во дуелите со Албарса
Два пораза за генер.2006 во Детската лига во дуелите со Албарса

Два пораза за генер.2006 во Детската лига во дуелите со Албарса

Денес, ФК Вардар генерација родени 2006 година одигра два натпревари во рамки на 3.коло во Детската лига. На двата дуели одиграни на терените на ФФМ во Ново Лисиче црвено-црните за жал беа поразени од своите конкуренти.

Во првиот натпревар несреќно забележавме неуспех, Вардар (2)  се сретна со тимот на ФК Албарса (2). Имавме голем број на прилики за победа сепак среќата не беше наклонета. На одмор заминавме со гол негатива, Албарса водеше по крајот на првиот период со 1-2. Стрелец на голот за црвено-црните беше Лука Митрески. Во вториот дел погоди за нас Олег Михајловски. Беше 2-3 за противникот имавме огромна шанса преку пенал, сепак стрлецот на првиот гол Лука Митрески неуспеаа да погоди и да изедначи. Покрај него имавме неколку прилики и преку Антониј Димов и за жал ниту една не донесе радост за нас. На крајот бевме поразени со еден гол, 3-2 во овој натпревар.

Во вториот дуел  ФК Вардар-1 се сретна со тимот на ФК Албарса-1 и во во овој дуел одигравме солидно, но поборбениот противник дојде до “цел плен“. Најпрвин по една ситуација нашиот противник успеаа да поведе со 0-1 на самиот почеток. Ние ја преземавме иницијативата и нападнавме, брзо потоа и изедначивме на 1-1. Стрелец за нас беше Нуман Ајетовиќ кој постигна гол за резултатска симетрија. Албарса врати со офанзива, во првата прилика Данстак одлично одбрани, но во втората противникот по една одлична акција поведе со 1-2. Ова беше цврст дуел на двете екипи кои лани играа помеѓу себе во финалето од Детската лига во оваа генерација.

Вториот дел  започна со наша инцијатива, прекасна прилика за гол од неколку метра пропушти Алтин Алији. Веднаш потоа се закаинвме и преку Петар Мицевски, тој мина одлично по левата стана, изби сам пред голманот, шутираше откосо за малку крај голот на Албарса. Нашите промашувања беа казнети со два брзи гола Албарса-1 поведе со високи 1-4. Ние и потоа се обидувавме да се вратиме во игра, Алтин Алији имаше уште два-три обида кои едноставно несакаа да влезат, тој денес иако се трудеше нема среќа да погоди во мражата на нашиот ривал. На крајот забележавме пораз со резултат 4-1.