Пионерите на ФК Вардар стигнаа до втората последователна победа, откако во рамките на 5.првенствено коло ја совладаа екипата на Академија Пандев, минимално со резултат од 1:0.
Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Петејчук, Костовски, Крстевски, Асани, Гугуљанов, Речица, Величковиќ-Радуловиќ, Хасани, Туша, Омерагиќ (c).
Првиот директен удар го имаше екипата на Вардар, кога се обиде Абдула Хасани, но топката заврши покрај голот на струмичани. Моравме брзо да ја направиме првата принудна измена, поради повреда теренот мораше да го напушти Туша Ветон, на негово место во игра влезе Дамјан Трајановски. За кратко и втора измена направи Кралевски, на местото на Речица во игра е Салиу Фисник. До крајот на првиот дел не видовме ниту една посериозна прилика за отварање на резултатот, имаше обид А.Пандев но нашиот голман Китановски ја прибра топката во рацете. На одмор од десеттина минути се замина со резултат 0:0.
На стартот на вториот дел падна единствениот гол на овој дерби меч во пионерската лига. Голгетерот на вардарци повторно се покажува “кобен„ за противничките екипи, Азер Омерагиќ е играчот кој успеа на голема радост да му донесе предност на Вардар од 1:0.
После отварање на резултатот следеше поактивна игра на противникот, но нашата дефанзивна линија денес е за сите пофалби. Одлично фунционираа стоперите Костовски и Крстевски, како и бековите, Асани и Петејчук, кои не доволија ниту една голема прилика за А.Пандев. Имаа три удари покрај голот на Китановски, па резултатот остана непроменет.
Вардар се обиде преку Салиу кој биеше од прва, но топката помина покрај голот. До крајот на мечот, тактички измени направи тренерот Кралевски. Во игра ги внесе Демири и Симев, на местото на Омерагиќ и Хасани. Немаше големи возбудувања во последните десет минути, црвено-црните ја задржаа предноста за на крајот да слават минимално со 1:0.