Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар лесно го совладаа РК Кале МК, црвено-црните дами триумфираа со 26 гола предност
Кадетките на Вардар лесно го совладаа РК Кале МК, црвено-црните дами триумфираа со 26 гола предност

Кадетките на Вардар лесно го совладаа РК Кале МК, црвено-црните дами триумфираа со 26 гола предност

Кадетките на ЖРК Вардар денес  во рамките на 6.коло од групата-2 беа  домаќини на екипата на Кале М.К. Нашите надежи имаа досега  учинок од 3 победи и 1 пораз, а во едно коло беа слободни. Натпреварот  кој се играше  во малата сала на С.Ц.Јане Сандански  го добивме и дојдовме до 4 победа во лигата.

Младите дами на Анжела Платон триумфираа во еден дуел во кој целосно доминираа во сите аспекти на ракометната игра во сите 60.минути. Најпрвин отворивме со 2-0 на самиот почеток, противникот успеа потоа да се врти во игра и да намали на 4-3.  Се играше гол за гол во продолжение се до 7-6, веднаш потоа проработе одбраната на црвено-црните и казнувавме во нападот.  До крајот на првиот дел играше само еден тим, оној во црвено-црна комбинација. Постигнавме неверојатни десет гола, а во одбраната ги соправме на само еден погодок девојките од Кале МК. На одмор заминавме со десет позитива, 17-7.

999

Вториот дел почна како што и заврши првиот со целосна доминација на нашиот тим, ја продолживме серијата со нови 7-0. Па по 7-8.минути игра се одлепивме на 17 позитива, на семафорот во малата сала на С.Ц. “Јане Сандански“ стоеше 24-7 во наша корист. Потоа повторно се продолжи истата игра, на секој два гола од наша страна противникот одвај успеваше да одговори со еден во нашата мрежа.  Победата беше изразена со високи 26 гола предност за тимот на Платон, нашите кадетки остварија победа со резултат 42-16 на овој дуел од кадетскат лига.

Прв стрелец беше Мила Пешиќ со 7 гола, Коцева Бојана постигна 6 гола, Коцева Борјана гол помалку односно 5,  три девојки имаа по 4 гола, и тоа: Коловска Александра, Миланова Андреја и Тошевска Магдалена.  Покрај ова мора да се пофалат голманите, одбраната и целиот тим без разлика дали првотимките или девојките кои влегоа од клупа и го задржаа истиот ритам на мечот.