Половичен успех остварија нашите младински фудбалски екипи, на денешното гостување во Струмица, против екипата на Академија Пандев. Кадетите го доживеаа и третиот последователен пораз, додека младинците стигнаа до нов важен триумф против врсниците од Академија Пандев.
Кадетите не успеаа да освојат бодови на денешниот дуел од 5.првенствено коло, откако беа поразени од Академија Пандев, со резултат од 2:0. На полувреме домаќинот на овој дуел имаше водство со гол постигнат во 37 минута, додека во вториот дел падна уште еден гол во нашата мрежа, кога А.Пандев во 62 минута зголеми на 2:0 што се покажа и како конечен резултат на крајот.
Вардар: Андов, В. Мирчевски, Митревски, Цури, Манасиевски, Игнатов, Ристовски, Андоновски, Рушити, Попоски, Ѓурковски.
Во игра влегоа уште и Фазлиу, Миленковски и Мирчевски Т.
Младинците иако имаа почетна негатива, сепак на крајот успеаа да направат резултатски пресврт и да освојат три важни бодови. Уште во 3.минута од мечот противникот успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, сепак по само две минути игра, Вардар ја анулираше негативата и со погодокот на Марио Младеновски успеа да го израмни резултатот на 1:1. Овој резултат беше актуелен на полувреме. Избраниците на Андовски беа подобри во вториот дел и постигнаа два гола. Најпрво во 53 минута Бојан Димоски донесе прво водство на Вардар од 1:2, за конечните 1:3 на овој меч во 80 минута да ги постави Адем Али.
Вардар: М.Велковски, Радевски, Наунчески, Младеновски, Јусуф, Адем, Антовски, Д.Велковски, А.Младеновски, Тасев, Димоски.
Во игра влегоа уште и Петковски и Ѓорѓиески.