Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар “меле”, нова победа за уште поголема разлика на табелата
Вардар “меле”, нова победа за уште поголема разлика на табелата

Вардар “меле”, нова победа за уште поголема разлика на табелата

Вардар продолжува со убедливите игри и победи, во Маџари “падна” и екипата на Академија Пандев. Во еден одличен натпревар попладнево, вардарци забележаа три бода со головите на Мицевски од пенал во првиот дел и двата на Брдаровски во вториот по одлични асистенции на Битанг во 74. минута и на Најдовски во 84. Следува еднонеделна пауза, па дерби дуел со Шкендија во Скопје.

43249607_2030598083667983_5169356447724601344_n

Резултатски првиот дел помина одлично за нашиот тим. Со голот на Дарко Мицевски од пенал Вардар имаше предност од 1:0. Во првите 45. минути гостинот речиси и да не се закани по голот на Гачевски, а пак на спротивната страна, нашиот тим имаше и шанси да замине на пауза со 2:0, но акциите на Цветаноски и Битанг не беа реализирани. Се играше 30. минута, кога еден играч на гостите го фаулираше Тошевски во шеснаесетикот за најстрога казна. Успешен реализатор беше Мицевски кој биеше ниско поземја десно за водство. Со овој резултат се замина на пауза.

fkv

Во вториот дел иако Вардар имаше предност, тргна и по втор гол со што би си ја осигурал победата. Шанси имаше во првата половина од вториот дел но без реализација. Во 70. минута Мицевски одлично нафрли од прекин, Лира биеше со глава но само покрај голот на гостинот. Гооол, се играше 74. минута, Битанг одлично упати топка во празно кон Брдаровски, кој шутираше прецизно за водство на Вардар веќе и од 2:0. До крајот на дуелот Вардар дојде и до убедливи 3:0, реализатор на третиот гол беше Брдаровски по одлична асистенција на Најдовски. Со убедливи 3:0 заврши дуелот.