Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко коло за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во дуелите со екипата на Њу Старс
Победничко коло за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во дуелите со екипата на Њу Старс

Победничко коло за вардаровите генер. “2004„ и “2005„ во дуелите со екипата на Њу Старс

Денес на теренот во Ѓорче своите натпревари во рамките на регионалната-скопска лига ги одиграа генерациите на ФК Вардар родени “2004„ и “2005„ година.

Вардаровате генерација “2005„ стигна и до четвртата последователна победа, откако денес славеше и во дуелот со екипата на Њу Старс со резултат од 0:5. На полувреме избраниците на Сашо Јанев имаа предност од 0:2. Резултатот на овој натпревар го отвори Никола Величковски кој му донесе предност на својот тим од 0:1. До крајот на првиот дел, со голот на Матеј Гаштаров успеавме да го зголемиме водството на 0:2.

Имавме целосна иницијатива и во вториот дел на мечот и постигнавме уште три нови голови. Со вториот гол на Величковски, црвено-црните имаа веќе предност од 0:3, додека во следниот период во листата на стрелци се запиша и Дарко Сековски, за предност на Вардар од 0:4. Со својот втор гол на денешниот натпревар, Матеј Гаштаров зголеми на 0:5, додека до крајот на мечот почесен гол и за домашниот тим кој ги постави конечните 1:5 на овој дуел.

До победа дојде и генерацијата “2004„ која ги совлада врсниците од Њу Старс со резултат 1:2. Вардар прв го отвори резултатот со голот на Сандро Каровски за 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел видовме два гола, по еден во двете мрежи. Најпрво домашниот тим го израмни резултатот на 1:1, за црвено-црните со погодокот на Бесар Гуџуфи повторно да ја вратат предноста и на крајот да слават со резултат 1:2.