Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометот е игра во која секогаш победува Вардар, ”падна” и Рајн Некар!
Ракометот е игра во која секогаш победува Вардар, ”падна” и Рајн Некар!

Ракометот е игра во која секогаш победува Вардар, ”падна” и Рајн Некар!

Ова е Скопје, тука Вардар ретко кога губи. По којзнае кој пат, Вардар во една одлична атмосфера воден од навивачите, дојде до нова четврта победа од исто толку натпревари сезонава и со тоа се зацврсти на првата позиција на табелата. Иако Вардар имаше минус два на полувреме, сепак, во вториот дел одигра маестрално и победи со резултат 29-27 (13-15).

43221128_1881088055271365_5744586107782168576_n

Натпреварот започна со гол на Рајн Некар. Одма потоа Вардар изедначи на 1-1 преку Чупиќ од пенал. Во петтата минута од дуелот резултатот беше егал 3-3. Гостинот подобро го отвори натпреварот, па така во 10. минута од дуелот имаше највисоки на овој натпревар плус два, 3-5. По десеттата минута, Вардарци се вратија па со два гола во серија изедначија на 5-5 во 14. минута преку Калараш. Со нова серија од три гола, Рајн Некар во 19. минута дојде до највисоки на овој дуел плус три 7-10. Вардар делуваше немоќно во нападот во првите 20-сетина минути, гостинот доаѓаше до лесни голови. За одбележување беше 20. минута а Рајн Некар дојде до највисоки плус три денеска 9-12. Во 22. минута со гол на Карачиќ Вардар намали на минус два 10-12, по ова тренерот на гостите побара минута одмор. По тајм-аутот, Рајн Некар не искористи напад, додека пак на спротивната страна со нов гол на Мораеш, Вардар намали на само минус еден 11-12. Серијата од два гола на црвено – црните ја прекина Талески со својот прв гол денеска. До крајот на првиот дел Вардар не искористи пенал преку Чупиќ, а на спротивната страна со два гола во серија, гостите дојдоа до највисокит плус четири, 11-15 во 28. минута. На полувреме Вардар успеа да намали два од негативата, па со резултат 13-15 замина на пауза.

43177441_1881088208604683_5693274717612408832_n

Вториот дел започна одлично за Вардар, со два гола во серија на Дибиров, нашиот тим дојде до нерешено 15-15 во 32. минута. Со нов гол, овој пат на Борозан, Вардар дојде и до водство 16-15 во 33. минута. Одличниот Вардар во вториот дел играше маестрално, па така со гол на Криштопанс во 34. минута Вардар повторно дојде до плус еден 17-16 во 35. минута. Серијата на Вардар ја прекина Сигурдсон со својот втор гол денеска за егал. Во 40. минута со голот на Шишкарев од контра, Вардар дојде на нови плус еден 20-19. По ова тренерот на гостите беше принуден да побара минута одмор. Во последните петнаесет минути од дуелот Вардар влезе со позитива од плус еден 23-22. Продолжи неизвесноста, во 48. минута иако Милосављев одбрани пенал, сепак Вардар имаше само плус еден 24-23. Во 48. минута нашиот голман имаше девет успешни одбрани. Со одлична серија, Вардар во последните седум минути влезе со одлична предност од плус два, 27-25. До крајот на дуелот Вардар одигра одлично и не му даде на противникот шанса да смета на добар резултат. Со резултат 29-27 заврши мечот.