Голем гест од Вардар кој не го заборави играчот кој цели седум години беше дел од црвено-црните. Илија Абутовиќ допатува во Скопје, но поради повреда не беше во можност да игра за Рајн-Некар на вечерашнот меч на кој неговиот тим загуби од Вардар. Пред почетокот на мечот, капитенот на Вардар, Стоилов му додели дрес на Абутовиќ, на кој пишуваше “Илија фала ти за се„. На претставувањето на противничките играчи, Абутовиќ специјално беше поздравен од вардаровите навивачи кои го скандираа неговото име.