Новото голманско засилување на Вардар кој доаѓа од Алжир, Калифа Гедбан го имаше своето деби во црвено-црниот дрес на дуелот против Војводина, во рамките на СЕХА-лигата. Гедбан доби шанса да брани 55 минути, период во кој успеа да одбрани 9 удари на противникот и покажа дека со Милосављев ќе бидат одличен голмански тандем.
Погледнете ги сите негови одбрани, во триумфот против Војводина>